Татко ѝ признал на својата ќерка дека ја убил нејзината мајка пред да скокне од Темеринскиот мост во Нови Сад, а потоа пробал да се самоубие. Мажот го преживеал падот од мостот без сериозни повреди. Тој си имал врзано бетонски блок со синџир. Пред да скокне, преговорите со полицијата траеле цел час. Тој бил извлечен од каналот со врзаниот бетонски блок.
Српските медиуми откриваат дека таткото било познат продавач на опрема за риболов во градот. Семејството било добростоечко и изнајмувало кафани.
Н.Т.(55) е осомничен дека со дупчалка ја убил сопругата Г.(52) на улицата Дијана Будисављевиќ.
Телото на мајката го пронашла една од двете ќерки на брачниот пар. Засега не е познат мотивот на злосторството.