Цената на биткоинот денес достигна 109.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд, јавува Анадолу.
Во последните 24 часа, најголемата криптовалута се движеше во опсег од 99.400 до 109.110 долари.
Пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД) во ноември 2024 година, со биткоинот се тргуваше на ниво од 70.000 долари, а оттогаш бележи раст од околу 55 отсто.
По победата на Доналд Трамп на изборите, пазарот очекува позитивни промени за криптовалутите, бидејќи тој вети дека САД ќе станат „криптопрестолнина“ на планетата.
Според податоците на „Coinmarketcap“, моменталната пазарна капитализација на биткоинот изнесува 2,14 билиони долари, со 24-часовен трговски обем од 111,5 милијарди долари.