Богдановски за ТВ 24: Дојавите за бомби не се детска игра, зад нив стојат обучени хакери

Во однос на мотивите на лажните дојави за бомби кои траат со месеци, Марјан Богдановски, универзитетски професор, за СТУДИО 10 на ТВ 24. вели дека целта е нарушување на целокупниот живот во земјата, појава на деструкција оти постои постојана напнатост, предизвикување страв, вознемиреност и недоверба кон институциите, а ако ова трае подолго таа недоверба и нервоза ќе расте.

-Немам опипливи информации за да можам да знам, дури ни интуитивно, кој би можел да стои зад ова. Но знам дека ова не е детска игра туку се обучени хакери инструирани од центри коишто ја туркаат идејата Македонија да биде вознемирена, односно центри на хибридни напади. Ова не е игра, не се чекори на поединци, вели Богдановски.

Тој додава дека ова ние не можеме сами да го решиме без странска помош.

Богдановски вели дека е нужно полицијата да постапува по секоја дојава за бомба оти не можеме да сметаме дека сите дојави ќе бидат лажни, вели Богдановски и појаснува дека е сосема возможно сценарио во екстремен случај да биде врбуван човек од внатре во институцијата каде што има дојава за бомба и да биде поставена бомба.

-Секојаш постои можност некоја закана да биде реална. Тоа не можеме да го предвидиме. Но, неопходно е ова да заврши час поскоро. Ние сме членка на НАТО, ставени сме на тест, граѓаните се вознемирени, а имаме од кого да побараме помош, вели Богдановски.

 

извор: ТВ 24