Болницата во Турција ја превзеде одговорноста за лекување на Никола

Младиот Никола кој боледува од рак на коските од болницата во Турција каде замина на лекување, ја превзедоа обврската за негово лекување.

-Во телефонски разговор попладнево младиот Никола не информираше дека болницата во Турција ја превзема обврската за неговото лекување и првиот третман за преим на терапија е закажан за 24 април. Првиот чекор е веќе направен и нема назад, напиша градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

За Никола на 19 април ќе се одржи концерт под мотото „Подај рака за Никола“ а середствата собрани од концертот ќе бидат наменети за негово лекување.

 

reporter.mk