Бомбаш-самоубиец се разнесе на трибините на стадионот во Кабул, притоа убивајќи најмалку 19 лица

Tрагедија на крикет-натпревар во Кабул, Авганиста. Бомбаш-самоубиец се разнесе на трибините на стадионот во Кабул, притоа убивајќи најмалку 19 лица.

На крикет-натпреварот од Т20 лигата на Авганистан кој се одржа на Интернационалниот стадион во Кабул, бомбаш-самоубиец извршил терористички напад при што убиени се најмалку 19 цивили, соопшти генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Гутереш дополни дека нападите на цивилите и цивилните објекти се строго забранети според меѓународните хуманитарни права, а светот мора да влијае да се запрат овие трагедии.

https://twitter.com/TeluguMemes0/status/1553079794580869121?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1553079794580869121%7Ctwgr%5E27cc14615f1939a0373ebb16a7a64be0a882411f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fsport%2Fostanati-sportovi%2Fbombash-samoubiec-se-raznese-na-natprevar-i-ubi-19-lica%2F