Како резултат на збратимувањето со градот Стаунтон на Соединетите Американски Држави, денеска во Општина Чаир свечено беше промовиран Плоштадот што го носи името на 28-от американски претседател Вудро Вилсон. Свеченото промовирање на плоштадот беше направено од амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнс и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
Ганиу објасни дека Плоштадот „Вудроу Вилсон”, кој се наоѓа пред зградата на Општина Чаир, ќе биде во целосна функција на сите граѓани и е посветен на сите генерации.
Овој плоштад, поплочен со природен гранит, се состои од амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.
фото: 24info.mk