Бројот на загинати скокна многу. Тлото во Турција не престанува да се тресе

Бројот на загинати во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 29.000 Очајните спасувачки операции продолжуваат седми ден по ред.

 

Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.

 

Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони од ранливите групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата среде зима.

 

index.hr