Кога ќе стапи во сила Законот за здруженија зависи од тоа кога ќе биде објавен во Државниот весник на Република Македонија. Сигурно ќе се забранат клубовите, прашање е дали ќе се изнуди промена на името. Не можеме да одговориме на тоа бидејќи тоа ќе биде одлука на секој од овие клубови. Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи.
Ова го изјавил главниот експерт во бугарското Министерството за надворешни работи Жељазко Радуков на редовниот брифинг со новинарите.
Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот – практично не, затоа што – пред се, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни. Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот се уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен“, објаснил тој.
Во оваа смисла, ги сметаме за неодржливи сите уверувања што ги слушаме од Македонија дека Венецијанската комисија веројатно ќе го запре спроведувањето на овој закон, рекол Радуков, пренесе БГНЕС.
извор: БГНЕС.