Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија.
Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во престојниот зимски период.
Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ – изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.