„Ве молам во име на Бога во мир да ги закопаме дечињата, па палете го градот„ свештеник од Кочани ја смири гневната толпа народ

Ескалираше ситуацијата во Кочани денеска, на протестот граѓаните го покажаа сиот бес и лутина, помешани со тага. Граѓаните пред општината кршеа и фрлаа по фасадата, потоа се префрлија и по улиците каде што направија хаос откако расфрлија контејнери полни со ѓубре, го демолираа и вториот локал, кафуле во сопсвеност на сопственикот на дискотеката „Пулс“, за на крајот да застанат пред домот на градоначалникот на Кочани каде што фрлаа по фасадата со јајца и останати предмети.

За да ја смири гневната толпа народ им се обрати свештеник.

– Ве молам во име на Бога и на владиката ве молам смирете се, смирете се и заминете си. Ве молам, оставете во мир да ги закопаме овие дечиња. Дојдете во црква да се помолиме. Овде меѓу вас кој знае може има некој и со политичка заднина. Одете си сега и оставете да ги закопаме децата, а ако сакате после дојдете и запалете го градот нека е ваш – рече свештеникот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

glamur.mk