Велика Британија: Железничките услуги во прекин низ целата земја поради дефект

Железничкиот сообраќај низ Велика Британија денес беше во прекин поради дефект во комуникацискиот систем, јавува Анадолу.

„Има дефект на националниот комуникациски систем на возовите“, соопшти Нешнал Рејл, наведувајќи дека дефектот е поврзан со радиосистемот.

Меѓу оние што се прекинати поради дефектот се услугите низ мрежата Гетвик Експрес, Грејт Нортерн, Саутерн и Тејмслинк.

Патниците се предупредуваат дека услугите може да бидат откажани, одложени до 15 минути или ревидирани.

„Очекуваме ова да продолжи до пладне“, соопшти Нешнал Рејл.

извор: Анадолија