Група велосипедисти од балканските земји, кои како крајна дестинација го имаат Чанаккале, Турција, по повод 18 Март, денот кога се навршуваат 107 години од победата во Чанаккале, пристигнаа во Едрене, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во знак на сеќавање на загинатите херои во Чанаккале, пет членови на Еколошко-планинарското друштво Скопје, што живеат во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, земајќи со себе симболично земја од земјите од каде што доаѓаат, на 10 март од Скопје тргнаа на патување со велосипед до Чанаккале.
Групата велосипедисти што влегоа во Турција на Граничниот премин „Капикуле“ по 5-дневно патување со велосипед, ја посетија Канцеларијата на гувернерот на Едрене.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).