Знае да пее, слави 65 години, а кога слави без разлика каде и да е, веселбата мора да се збогати со чад од цигари, ова се гледа на снимката која како роденденска честитка за лидерот Али Ахмети ја објави вицепремиерот Артан Груби.
– Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години, напиша на Фејсбук, Груби за својот партиски шеф Али Ахмети.
Иако Груби се потрудил со видео и текстуалната честитка сепак го издава својот шеф за неколку прекршоци. На видеото покрај страста за народниот мелос се гледа како чади цигара, што е строго забрането и е казниво.
Од друга страна, пеењето се одвива во работна канцеларија на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде шефува Артан Груби. Државните објекти не треба да се користат за партиски активности, но и за веселби. Пред Ахмети свири трио составено од тројца музичари кои удираат по традиционалниот албански инструмент чифталија.
ДКСК неколкупати го предупредуваше Груби за партиската злоупотреба на државни ресурси меѓу кои и за просториите на Министерството каде си одржува партиски настани или пак се користат, како што обвинуваше албанската опозиција, за пропаганда преку партиски веб сајтови.
Вицепремиерот Груби секогаш на препораките одговараше со контра тези кои немаа врска со борба против корупцијата и злоупотребата на државните ресурси.
telma.mk