(ВИДЕО) Голем пожар во магацин во Русија, обвинета Украина за напад на складиштето

Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород ја обвини Украина за напад на складиштето за нафта во градот.

Вјачеслав Гладков на својот Телеграм канал изјави дека пожарот, кој избувна во петокот наутро, бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери.

Тој претходно изјави дека две лица се повредени, но не се во животна опасност. Жителите на околните улици беа евакуирани додека пожарникарите го изгаснаа факелот, рече тој.

Ова се нови обвинувања од руска страна кон Украинците за напад на територијата на Русија. Русија пред два дена ја обвини Украина за напад на складиште за оружје во истиот град. Белгород се наоѓа северно од границата со Украина.

Украина не презеде одговорност за ниту една од експлозиите.

 

Телма