(ВИДЕО) Град во САД е срамнет со земја откако поминало торнадо

Најмалку 23 лица загинаа во силно невреме и најмалку едно торнадо синоќа го погоди Мисисипи. Според Си-Ен-Ен, ветрот откорнал покриви, а илјадници луѓе останале без струја. Операцијата за пребарување и спасување на исчезнатите во невремето започна откако беше потврдено дека торнадото ги погодило градовите Силвер Сити и Ролинг Форк. Ролинг Форк е целосно уништен. Градот ми го нема“, рече градоначалникот.

Опасноста се уште не е завршена. „Постои ризик од дополнителни силни грмотевици во недела од далечниот источен Тексас и централна Луизијана во јужниот и централниот дел на Мисисипи, Алабама и Џорџија. БиБиСи..

Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани по невремето што ја погоди областа Сивер Сити во западниот дел на Мисисипи, соопшти државната Агенција за управување со вонредни состојби. „За жал, очекуваме овие бројки да се променат“, најавија тие, мислејќи на зголемување на бројот на жртви.

 

index.hr