Денеска околу 12:20 часот во просториите на хотелот во Сплит најверојатно имало истекување на хлор во просториите поврзани со базенот.
Едно лице е пренесено за укажување лекарска помош, пишува Далмација данас.
Пожарникарите и полицијата се на терен поради испарување и ширење на мириси. Во тек е евакуација на луѓето од хотелот, соопштија од ПУ Сплит-Далмација.
Медиумите пренесуваат дека станува збор за хотелот Radisson Blu.