Најмалку десет лица загинаа, а 65 се повредени вчера во експлозија на бензинска пумпа и резервоар за гас во јеменската провинција Ал Бајда, соопшти претставник на локалната власт.
Експлозијата се случила во населбата Захер, по што се запалиле две соседни бензински пумпи и околни магацини.
Бензинската пумпа во моментот на експлозијата била полна со клиенти. Луѓето се обиделе да побегнат од запалениот комплекс.
Причината за експлозијата се уште не е позната, пренесува YemenOnline.info.
WATCH⚡️
An explosion at a gas station in the Al-Bayda province of Yemen has killed seven people and injured another 65.
Via: @inside_IL_intel pic.twitter.com/kWjat1maIN
— Open Source Intel (@Osint613) January 12, 2025