На социјалните мрежи се појави видео од тепачка во море, а иако не може со сигурност да се утврди каде се случила тепачката, многумина коментираат дека се работи за Паралија во Грција.
На снимката се гледа дека жена во црвено бикини прво влегла во конфликт со маж, а потоа влета друга жена во темен костим за капење, а потоа настанал хаос. Двете жени почнале да се караат, а најлошо од се е што покрај нив има дете во гума на кое веќе никој не обрнува внимание.
Ова се само дел од коментарите
„Дали сте виделе како жената го брани својот маж“, „Овде ни ајкулите да не се мешаат“, „Еве зошто не треба да одите на море со жена“. Сепак дел од коментарите се однесуваат и на безбедноста на детето, бидејќи никој не го погледнува.
„Го ставија детето во опасност. Додека тие се тепаат, детето можеше да биде одвлечено во длабочините од морската струја, коментира корисник на Твитер.
— 🇷🇸Mrki (@jednookazmija) July 12, 2022
netpress.com.mk