Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка кога ученик извршил напад со нож, јави денеска телевизијата ТА3.
Нападот се случил во градот Спишка Стара Вес. Според градоначалникот на Спишка Стара Вас, Јан Курнава, убиени се, заменик-директорката и еден ученик. Конечниот број на повредени се уште не е познат.
Медиумите јавуваат дека професорка е ранета и се наоѓа во критична состојба.
Напаѓачот е 18-годишен ученик кој е уапсен. Според информациите на ТВ Маркиза, сторителот денеска требало да полага пред комисија, а во ова училиште се префрлил од гимназијата во Кежмарок.
По нападот го затвориле главниот пат низ градот кој минува пред училиштето каде се случил трагичниот настан.
Според ТАСР, десетици полицајци, пожарникари и амбулантни возила се уште се на терен, јавува ТА3.