Григор Манев (28) стоматолог од Скопје ја запроси својата сакана Елеонора Павловиќ (26), исто така стоматолог од Скопје, при нуркање во Охридското Езеро.
„Се познаваме 12 години, учевме заедно во средното медицинско училиште и студиравме на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Во врска сме 4 години, пред тоа бевме добри другари.
Запросувањето се случи под вода на дното на Охридското Езеро, а сето тоа го организираше тимот на „Diving center Scout Struga“, на кои сум посебно благодарен. Без нив не би можел да ја остварам мојата замисла“.
crnobelo.mk