Денес заедно со Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и пазарните инспектори посетивме две поголеми книжарници во центарот на Скопје:
“Алби” и “Просветно Дело”, со цел проверка на спроведувањето на “УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА” која ја донесе Владата на Македонија по предлог на МЕТ.
️Намалувањето на цените на училишниот прибор е очигледно и е во просек 25-35% по производ,
што е од голем интерес за сите ученици, студенти… поточно граѓаните на Македонија
️Книжарниците, маркетите и трговците со училишен прибор кои нема да ја спроведуваат Одлуката на Владата во целост за училишната кошничка, ќе бидат санкционирани со казни од Државниот пазарен инспекторат, а кои се предвидени во Законот за пазарна инспекција и не се мали
Граѓаните и животниот стандард пред сè…
“ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ВАС”, напиша на својот ФБ профил заменик Министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
(ВИДЕО) Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и пазарните инспектори изврпија проверка на спроведувањето на Владината одлука во книжарниците
