(ВИДЕО) Морето во јапонскиот град Наго преку ноќ стана црвено

Посетителите на туристичкиот град во југозападна Јапонија беа изненадени кога се разбудиле вчера кога откриле дека инаку кристално чистото море станало црвено по истекување на локалната пиварница.

Фотографиите и видеата на социјалните мрежи покажуваат црвена вода како тече низ реките и пристаништето Наго, островот Окинава. Градот е познат по смарагдното море и песочните плажи.

Од локалната пиварница велат дека ќителите нема за што да се грижат. Тврдат дека имало истекување во еден од нивните објекти и дека обоеното море не претставува опасност за луѓето и морскиот живот.

„Веруваме дека тоа е предизвикано од истекување на пропилен гликол – адитив кој се користи во водата за ладење на фабричките згради“, изјавиле надлежните.

Тие додаваат дека истекувањето било запрено денеска во 9:30 часот по локално време, иако портпаролот на јапонската крајбрежна стража за Си-Ен-Ен изјавил дека морската вода во близина на пиварницата се уште е црвена.

Пропилен гликол често се користи во прехранбената, козметичката и фармацевтската индустрија.