Поранешниот фудбалер на Спартак од Москва, Динамо од истиот град и Химки Александар Каракин загина откако за време на улична трка изгуби контрола над автомобилот и удри во тротоарот со брзина од над 220 километри на час.
Каракин во таа прилика се здобил со повреди опасни по живот, а набргу потоа починал во болница.
Од објавените видеа од местото на настанот се гледа дека несреќата во најмала рака била грозоморна и дека е вистинска среќа што нема повеќе жртви со оглед на тоа што се работи за автопат по кој секојдневно минуваат голем број возила.
Автомобилот во кој се наоѓал Каракин е целосно уништен, а делови се расфрлани низ целиот пат.
Футболист Александр Каракин скончался в больнице после ночного ДТП на Минском шоссе под Москвой.
Машина экс-игрока "Спартака","Химок" и "Динамо" во время уличных гонок на полной скорости влетела в отбойник. Каракина госпитализировали в тяжёлом состоянии. Утром он скончался. pic.twitter.com/jVVMfRBCpb— Резервист 🤝❌ (@ifnov1) May 12, 2023
nova.rs