(ВИДЕО) Најголемата и најмоќната ракета на светот експлодира по лансирањето: „Ѕвездениот брод“ на Илон Маск доживеа лоша среќа во тест фазата

SpaceX's next-generation Starship spacecraft atop its powerful Super Heavy rocket lifts off from the company's Boca Chica launchpad on a brief uncrewed test flight near Brownsville, Texas, U.S. April 20, 2023 in a still image from video. SpaceX/Handout via REUTERS. NO RESALES. NO ARCHIVES. THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY.

Компанијата SpaceX на Илон Маск изврши пробно лансирање на најголемата и најмоќната ракета во историјата – Starship. Веднаш по лансирањето дошло до експлозија кога двата дела не успеале да се разделат.

Леталото од 120 метри е повисоко од Статуата на слободата и беше лансирано од базата Бока Чика на SpaceX во Тексас. Двата дела не успеале да се разделат според планираното, што ја предизвикало експлозијата. Компанијата „SpaceX“ објави дека денешната цел била да се лета со ракетата, што е успешно остварено, а Илон Маск рече да учи од грешките.

Американската вселенска агенција НАСА го избра вселенското летало Starship за транспорт на астронаути на Месечината кон крајот на 2025 година. Мисијата, позната како Артемида III, е прва таква мисија од крајот на програмата Аполо во 1972 година.

 

Ѕвездениот брод се состои од 50-метарско вселенско летало дизајнирано да транспортира екипаж и товар што се наоѓа на врвот на ракета-засилувач висока 70 метри.

 

nova.rs