(ВИДЕО) Не му е баш гајле: Младоженецот со мобилниот телефон додека со сопругата излегувал од црквата

На социјалните мрежи се шири вирално видео од свадба на која младоженецот очигледно е презафатен за тој посебен ден. И со што е зафатен? Со испраќање пораки на мобилен телефон…

Како што можете да видите на видеото, новопечениот пар ја напушта црквата. Невестата цела насмеана ги поздравува гостите, а за рака го држи младоженецот кој има нешто поважно на мобилниот телефон.

Видеото, кое беше споделено на TikTok, а потоа избришано од профилот што првично го објави, подоцна заврши на Твитер каде што собра десетици милиони прегледи. Коментаторите на социјалните мрежи шпекулираа што прави младоженецот, но и каков ќе биде нивниот брак.

 

24sata.hr