(ВИДЕО) Невреме со налети од силен ветар во Хрватска, избегната несреќа за малку со брод на „Јадролинија“

Поради невреме, со налети на места и до 130 километри на час, во делови од Хрватска на сила е црвен аларм.

Црвениот аларм важи за Истра, Кварнер и регионот Велебит.

Автопатите меѓу клучките Свети Рок и Поседарје, Јадранската магистрала меѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена, Масленица-Затон Обровачки и обиколницата Омиш се затворени за секаков сообраќај.

Во прекин се и бројните линии на траекти и катамарани.

Невремето се очекува да се смири во текот на утрешниот ден.