Големо е задоволство што сум во Охрид каде имав прекрасни мигови во минатите 7 години. Интересно е да кажам дека пред 7 години во Охрид тука во вилата на тогашниот Претседател ги предадов акредитивите. Имавме одлучна соработка со власти во Охрид, го имавме градоначалникот на Охрид во посетан на Израел. Имаме партнерски односи кои растат“, истакна амбасадорот Дан Оријан, кој денеска беше во проштална посета на Охрид, пред неговото заминување.
Тој вели дека последниот ден во Охрид ќе го искористам да ги посетам местата кои во Охрид ми се допаѓаа најмногу , ќе ги обиколам и ќе направиме повеќе фотографии на тие места.
На прашањето дали и кога ќе ги имаме повторно и авио линиите кон и од Израел, амбасадорот вели „Искрено се надевам наскоро“.
Амбасадорот Оријан зборуваше и за бројната заедница од Евреи во минатото во земјава која оставила значајна трага на културата и животот на овие простори низ повеќе векови. За жал Еврејскиот народ како последица на Холокаустот во Македонија денес скоро и да го нема. Токму поради тоа амбасадорот се заложи да се постави сончевиот часовник на Еврејските гробишта во Битола. Часовникот, изработен според цртежите на уметникот Мати Грумберг, последното Еврејче родено во земјава пред депортацијата, поради правни работи чека повеќе од две години да биде ставен на гробиштата, зашто локацијата е културно наследство од прва категорија.
„Трагичната приказна на Евреите е наша и ваша трагична приказна. Наша цел е не само да ја пренесеме сторијата за нив преку медиумите овде туку и низ светот за малдите генерации да не заборават. Го почнавме „Маршот на животот“ , на почеток имавме неколку стотици, но потоа илјадници луѓе маршираат низ Скопје и Битола, каде не остана ни еден Евреин. Овде до Втората светска војна живееле околуи 8000 Евреи , пред тоа и повеќе“, вели Оријан.
Пред десеттина години е формиран израелско-македонски бизнис клуб. Целта на истиот унапредување на економската соработка. Во него членуваат македонски компании, кои работат со Израел или имаат израелски капитал во сопственичката структура. Амбасадорот Оријан за Охрид 1 открива за интересот за проширување на овој бизнис клуб и неговиот развој.
„Во минатите години направивме напори да ги поврзиме бизнисмените од Израел и компаниите со македонските компании. Ние имаме претставници во Скопје и Битола кои треба да не поврзуваат. Заради корона кризата скоро 2 години сме во застој со активностите, но се надеваме дека наскоро ќе почнеме. Сепак почнавме да работиме на турзмот, се обидуваме да донесеме контакти со луѓе кои ќе напправат разлика. Нема дилема дека економијата е клучот. Ако имаме добра соработока и успешно правиме нешта, тогаш имаме добра база. Минатата недела во Израел дојде во посета Фатмир Битиќи со директорот на ФИТР. Тоа е прва делегација која дојде во посета, тоа се луѓе кои прават реформи. Израел е мала земја, не е како САД или Германија, мал е како Македонија, но во дадената ситуација Израел е клучен во развојот на технологијата. Ние сакаме да ве видиме на лидерска позиција, не само како дел од ЕУ“истакна амбасадорот Оријан.
Што се однесува до соработката на полето на Туризмор амбасадорот вели:
„Туризмот е само еден дел кој настрада од Корона кризата. Се надевам дека до следното лето ќе ги воспоставиме летовите, за кои се надевам дека нема да се само во лето како до сега, туку ќе ги имаме цела година за луѓето од бизнисот да може да комуницираат и работат. Короната ни дојде како една лекција, да смениме многу нешта, можеби беше добро да застанеме на миг и да размислиме, но на крајот на денот треба да разгледаме што е важно за нас. Според мене ова е место каде треба да инвестираме повеќе“, категоричен е амбасадорот Оријан.
Амбасадорот откри дека пред неколку денови во Скопје опремена е болницата каде 4000 бебиња ќе прават безболни прегледи на крвта благодарение на Израел и опремата која таму се иснталира.
А што се однесува до неговите акробатски способности, за што многу често го нарекуваа „акробатски дипломат“, амбасадорот открива:
„Не бев професионален гимнастичар. Јас имам објавено детска книга во која кажав дека Ден сакал да е гимнастичар, а бабата на Ден сакал да е рабин, но и тоа не се случи. Се обидувам да направам нешто што е да посетувам други места. Дел од мојата агенда е да работам со луѓе со посебни потреби. Првата позната личност Тамара Тодеска , со неа имавме соработка пред неколку дена, а Џулиета од кабинетот на претседателот направивме неколку фотографии. Повеќе наши амбасади ќе може да ги користат овие фотогртафии со акробации за кампањи за подигање на свеста“, вели амбасадорот Оријан.
Интервјуто со амбасадорот Оријан во целост може да го проследите во продолжение…