Две лица загинаа во голем пожар во кој утрово целосно изгоре куќа во Петроварадин, Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.
Засега не се познати идентитетот и возраста на жртвите, а се знае само дека се работи за двајца мажи. Полицијата и обвинителството вршат увид, а нешто по 08:00 часот тој улицата е повторно пуштена за сообраќај, јавува Радио 021.
Портпаролот на Итната помош д-р Зоран Круљ вели дека нивна екипа интервенирала околу 5:30 часот. Тие брзо го спречиле ширењето на пожарот на целата зграда, а потоа го изгаснале.
На лице место се пронајдени две јагленосани тела, а тимот им помогна на жени на возраст од 67 и 43 години кои имале стресна реакција. Не се префрлени во болница, туку им била укажана помош на лице место – вели д-р Круљ.
Пожарот избувнал утринава околу 5 часот, а причината сè уште не е позната. Во тој објект, според околните жители, порано била сместена дискотеката „Кабаре авантура“.
View this post on Instagram
Видео: Инстаграм nsuzivo.rs