Го видовме Лим како се приближува и поблиску, моравме да трчаме. Ги спасивме животите и кучето, остатокот го однесе поројот – вели Сеад Гојак кому двете куќи му беа поплавени.
Вонредна состојба поради опасност од поплави е воведена во Нови Пазар, Тутин и Пријепоље. Поради обилните врнежи се излеаја реки во областа Рашка, Нови Пазар, Тутин, Пријепоље, Косово и Метохија.
На веб-страницата на Град Нови Пазар вчера беше објавено дека во тој град во последните 24 часа наврнале повеќе од 100 литри дожд на метар квадратен. Основните и средните училишта на територијата на градот Нови Пазар вчера не работеа.
Директорот на ЈВП „Србијавода“ Горан Пузовиќ изјави дека во Нови Пазар и Тутин, каде што се излеале реките поради обилните врнежи, состојбата е под контрола, дека поплавниот бран продолжува и денеска и дека реките се вратиле во коритата. Пузовиќ вели дека моментално најтешка е состојбата на реката Лим во Пријепоље каде се спроведуваат одредени мерки.
faktor.mk