Руски хеликоптери стигнаа до предградијата на Киев, како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа.
Според Твитер, руски хеликоптери го прелетале градот Хостомел, кој се наоѓа во Киевската област во Украина.
Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков.
Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони Антонов врз меѓународниот карго аеродром во Хостомел.
Another insane video of a helicopter attack on Hostomel, just outside Kyiv. All the helicopters came from the territory of Belarus. pic.twitter.com/E0iovH83wg
— Tadeusz Giczan (@TadeuszGiczan) February 24, 2022
Russian helicopters in Hostomel, a town in Ukraine's Kyiv Oblast, a north-western suburb to the capital city of Kyiv. pic.twitter.com/78yKibpwCQ
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) February 24, 2022
извор/фото:агенции