(ВИДЕО) Силно торнадо удри во училиште во Мисисипи

Надзорните камери го снимија моментот кога разорно торнадо погоди училиште во американската држава Мисисипи.

Државата на југот на САД, која вчера беше погодена од разорно торнадо, почна да го проценува степенот на уништување по минувањето на торнадото еден ден претходно во кое загинаа најмалку 25 луѓе.

 

„Тоа е трагедија“, рече гувернерот Тејт Ривс за „уништувачките штети“ откако торнадата поминаа низ Мисисипи, 150 километри од запад кон исток.

„Степенот на загубата и штетата е евидентен денес во сите погодени области“, рече тој по обиколката на Силвер Сити, еден од најтешко погодените градови.

Според податоците на Државната агенција за вонредни состојби во Мисисипи, загинале 25 лица, а десетици луѓе се повредени.

 

а1on.mk