Унгарскиот град Сомбатељ беше погоден од торнадо. Торнадото се појави по бурата со суперќелии која дојде од Австрија, пренесува Idoekep.hu.
Ова е втор пат годинава во оваа земја да се појави силно невреме, потсетува Daily News Hungary.
Унгарската метеоролошка агенција го вклучи алармот од втор степен, објавувајќи портокалов метео аларм за одредени области поради опасност од поинтензивни грмежи.
Предупредувањето е во сила во недела до полноќ поради опасност од посилни грмежи во областите Џер-Мошон-Шопрон, Комар-Естергом и Ваш, се наведува во соопштението.
faktor.mk