Еден човек е убиен, двајца се повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот ги нападнал туристите околу Кеј де Гренел, кој се наоѓа во близина на Ајфеловата кула. Тој додаде дека уапсениот 26-годишен француски државјанин и претходно бил познат на безбедносните служби.
Осомничениот се приближил до туристичката двојка и со нож го избодел германскиот државјанин, потоа бил бркан од полицијата и нападнал уште две лица со чекан пред да биде запрен и уапсен. На повредените им била укажана помош од Брзата помош.
https://twitter.com/i/status/1731175322568040871
mkd.mk