Дарија Дугина, ќерката на Александар Дугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, е убиена во близина на Москва, јавуваат The Guardian, CNN и BBC. Тие се повикуваат на извештаите на руските државни медиуми и снимките кои се шират на социјалните мрежи, според кои 30-годишната Дарија Дугина загинала откако автомобилот и експлодирал додека се возела дома.
Пријателот на Дарија Дугин и лидер на руското движење „Хоризонт“, Андреј Краснов потврди дека Дугина е убиена.
„Кога свртела на автопатот кај селото Болшије Вјаземи, дошло до експлозија, автомобилот веднаш се запалил“, изјави Краснов за ТАСС.
„Пламенот целосно ја зафати. Изгубила контрола бидејќи возела со голема брзина и одлетала на спротивната страна од патот“, додаде Краснов.
Таа тврди дека вистинската мета бил нејзиниот татко Александар.
„Тоа беше автомобилот на нејзиниот татко. Дарија нормално вози друга кола, но во саботата таа го зеде неговиот, а тој тргна по другата страна. Тој бил на местото на трагедијата. Претпоставувам дека Александар бил мета или дека двајцата сакале да ги нападнат“, изјави Краснов.
Објавено е и видео на кое наводно се гледа шокиран Александар Дугин на местото на експлозијата, но засега нема потврда дека навистина е тој.
Allegedly Dugin at the location where his daughter was assassinated. pic.twitter.com/2dHo6T4I27
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) August 20, 2022
фото: TheAncestory