Неодамнешниот освојувач на Вимблдон и сопственик на 21 Гренд слем титула, Новак Ѓоковиќ, моментално престојува во Црна Гора каде се подготвува за претстојните предизвици, а на социјалните мрежи се појави интересно видео на кое се гледа колку тенисерот е силен.
На снимката се гледа како Новак, без дополнителна помош, турка луксузен автомобил „Porsche 911 GT3“ кој тежи повеќе од 1,5 тон, а неговата цена изнесува околу 170.000 евра.
View this post on Instagram
Српскиот тенисер очигледно со полна пареа се подготвува за завршницата на сезоната во која со евентуалното освојување на УС Опен би можел да го достигне Рафаел Надал по бројот на најпрестижни титули.
Меѓутоа, сè уште не е познато дали на Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во САД со оглед на тоа што не е вакциниран против коронавирус.
supermen.tocka.com.mk