Виетнамскиот суд денес ја отфрли жалбата на бизнисменката Труонг Мај Лан и ја потврди нејзината смртна казна за банкарската измама од над 12 милијарди долари, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Апелациониот суд во Хо Ши Мин ја потврди смртната казна, наведувајќи дека нема валидни причини за намалување на нејзината казна, објави онлајн весникот „ВнЕкспрес“.
„Кривичните дела на Лан предизвикаа тешки последици и нема олеснителни околности за намалување на нејзините казни за проневера и поткуп“, истакнаа судиите во својата одлука.
Но законот дозволува смртната казна да биде заменета со доживотна ако обвинетиот надомести три четвртини од загубите што ги предизвикал, велат тие.
Лан, истакната бизнисменка од секторот за недвижен имот во земјата, беше осудена на смрт во октомври за нејзиното учество во најголемата финансиска измама во земјата.
Лан и нејзините соучесници беа прогласени за виновни за проневера од Комерцијалната банка Сајгон и за предизвикување загуби од милијарди долари во текот на една деценија.