Викенд метео анализа: Умерен топол бран во Македонија, во недела локален пороен дожд и грмежи

Територијата на Македонија овој викенд (сабота и недела 11/12 јули) ќе биде под влијание на умерен топол бран од југ, односно од Африка кој ќе услови да имаме потопло време со максимални дневни температури во Македонија кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

 

 

Сепак, утрата повторно ќе бидат посвежи со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени.

Времето ќе биде сончево со појава на мала локална облачност. Во недела на 12 јули во попладневните часови особено во северните, централните и во источните предели од Македонија ќе има локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално овие атмосферски процеси може да бидат поинтензивни во погоре споменатите предели од Македонија и да бидат застапени во форма невреме.

 

 

И во делови од Скопскиот регион и котлината во недела н 12 јули во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме.

 

 

Исто така, во недела на 12 јули повремено во Македонија ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

slavcometeo.mk