Длабок Џеновски циклон ќе ни го расипе времето од овој викенд (ќе донесе дожд, силен јужен ветер, Сахарска прашина и песок). Температурите и понатаму натпросечно високи, најава за снег нема!
Ветерот од јужен правец кој што ќе дува за време на викендот во Македонија локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час, а понекаде не се исклучува можноста и за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и исто така силен јужен ветер.
Поради ваквиот развој на времето, очекуваме многу неповолни Биометеоролошки услови, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми, пишува во најновата објава, метеопрогнозерот Славчо Попоски.