Влада: Македонско – американската одбранбена соработка на највисоко ниво, дополнителни 31 милион долари од САД за опремување и модернизација на Армијата

Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата.

Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО.

Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.

 

извор: Влада