Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион денеска со своја порака дадена во изјава за Макадонската Информативна Агенција ги повика сите верници на смиреност, молитва и достоинствено испраќање на постраданите наши сограѓани во вечноста кај ангелите.
-“Ги повикам сите луѓе да бидат кротки, смирени и трпеливи. Да не ги вознемируваме ниту упокоените ниту нашите страдални болни. Туку со молитва кон Бога со трпение, со смирение, да се подготвиме и починатите да ги испратиме кон вечноста и болните да се молиме Господ- Бог да ги исцели и да ги излечи.
Вчерашниот ден јас го разбирам како голема болка, голема тага, голема жалост бидејки на сите тие луѓе понекој или е роднина, близок, пријател, брат, сестра, комшија, другар, соученик, сограѓанин… нивниот револт потполно го разбирам- го сваќам, но замолувам не на таков начин туку на евангелски начин, молитвено, смирено, тивко достоинствено да ги испратиме во вечноста починатите а за здравите колено-приклоно постојано да се молиме.
-порача Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион.
bregalnicki.mk