Владо Калембер објави фотографија од младоста: „Еве, тоа сум јас. Поминаа само 50 години“

Музичарот  Владо Калембер, кој неодамна го прослави својот 70-ти роденден, се потсети на младоста и на својот Инстаграм профил објави стара црно-бела фотографија од училишните денови стара повеќе од 50 години.

„Еве, јас сум. Свирам фагот во училишниот оркестар, а поминаа само нешто повеќе од 50 години. Што е тоа во однос на времето? Ништо. Тие сепак поминаа премногу брзо. Можеби Земјата се врти побрзо и побрзо околу себе и околу Сонцето, па затоа времето побрзо минува“, напиша тој во описот на објавата.

 

„Времето лета пребрзо“, „Убави и драги спомени“, „Владо, кога е концертот во Загреб?“, „Секој ден како да минува побрзо од претходниот“, „Помина младоста, дојде староста, ние зарем не можеме да се промениме.Како што е така е“, се само дел од коментарите на неговите следбеници.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vlado Kalember (@vladokalember)

index.hr