ВМРО ДПМНЕ: Вистина е дека не само што Ковачевски нема мнозинство за уставните измени, туку и дека голем дел од пратениците на СДС нема да поддржат промени на Устав

За приказните на Ковачевски дека едно се зборело пред јавноста, а друго пред амбасадорите добро е Ковачевски пред да растура пердуви, да каже кои се тие амбасадори и тие да кажат мислење и свој став за ова лажно тврдење на Ковачевски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Втора работа цела година Димитар Ковачевски кажува дека има мнозинство не знаеме зошто и сега дефокусира со ВМРО-ДПМНЕ и му се потребни, ако е уверен дека има пратеници, нека одат во собрание да проверат дали е така.

Вистината е дека не само што нема мнозинство, одговорно тврдиме дека голем дел од пратениците на СДС не поддржуваат уставни, затоа Ковачевски се плаши да пристапи кон уставни измени, и само растура пердуви.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставни измени бидејќи не даваме кредибилитет на некредибилен процес. Нашиот став за уставни измени е непроменет и ова собраниски состав нема легитимитет за тоа. Доколку дојде до предметна дебата во Собрание ние ќе ги кажеме аргументите против насилно носење на уставни измени под бугарски диктат.

извор: ВМРО ДПМНЕ