ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозување од дрскоста и безобразлукот на Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на Ковачевски.
-Тој ја навреди јавноста и сите кои бараа одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО. После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши. Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
извор: ВМРО ДПМНЕ