ВМРО ДПМНЕ: Маските паднаа, фолирантите СДС и ДУИ го користеа хрватскиот Устав како аргумент, а кога побаравме да се примени, избегаа како ѓавол од темјан

Откако ВМРО-ДПМНЕ побара примена на хрватскиот Устав, фолирантите од СДС и ДУИ избегаа од примената на хрватскиот модел за промената на Устав иако тие го предложија.

По кој знае кој пат, граѓаните го видоа вистинското лице на СДС и ДУИ. Маските целосно паднаа.

Иако тие самите, ДУИ и СДС, во неколку наврати изминатата година јавно кажуваа дека хрватскиот модел е прифатлив и добар за да се имплементира сега ретерираат. И самиот Димитар Ковачевски, како и Бујар Османи јавно истакнаа дека овој модел е добар.

Хрватскиот Устав е Устав на земја членка на ЕУ и ги гарантира правата на сите малцинства, и ВМРО-ДПМНЕ смета дека пресликување на истиот може само да ја зацврсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.

Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на Преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, одбиваат и бегаат како ѓавол од темјан.

извор: ВМРО ДПМНЕ