ВМРО ДПМНЕ: Наместо СДС и Арсовска да прават политика од хаосот во град Скопје, веднаш да се реши проблемот со превозот

Наместо СДС и Данела Арсовска да прават политика од хаосот во град Скопје веднаш да се исплатат заостанатите долгови кон приватните превозници. Кога Арсовска има пари за неуспешен пи-ар, тогаш може да најде пари и за превозниците. Наместо да ги прогласува за криминалци нека седне и нека го реши проблемот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Што се однесува до политиката која ја прави СДС од целиот овој случај, добро ќе биде да кажат што барала Арсовска на тајна средба со Ковачевски во Владата минатата недела?

Зошто молчат за темите на разговорот и  нивната полутајна коалиција?

Секој ден Арсовска дава оправдување на потегот да се повлече поддршката за нејзиното погубно водење на градот.

извор: ВМРО ДПМНЕ