ВМРО ДПМНЕ: Предавничката власт на Ковачевски дозволи понижување само за да се фотографира, евроинтеграциите се во ќорсокак

Францускиот предлог кој што го прифати владата на Ковачевски освен нивно фотографирање не отвора никакви европски перпективи за Македонија, туку носи ќорсокак. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ туку и експерти кои со години работат на евроинтеграциите на државата. Владата на Ковачевски прифати ултиматум кој носи две опции, едната е бесконечни преговори, а втората е асимилација по бугарски диктат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат наместо Ковачевски, Османи и Маричиќ да бидат водени од болната амбиција за власт и фотелја, требаше да работат за Македонија да важат исклучиво Копенхашките критериуми кои важеле за сите други земји.

– Но, Ковачевски, Османи и Маричиќ тераа инает на народот кој над 70% е против ваквиот предлог, тераа инает со странски и домашни експерти и дозволија за Македонија да важат преседани. Оваа предавничка власт дозволи Бугарија да диктира учебници по историја за ликови и настани кои имаат огромно значење за Македонија. Оваа анационална власт прифати да се менуваат табли пред споменици, музеи и други јавни површини. Оваа забегана власт дозволи национално понижување, и доведување на државата во позиција на потчинетост. Измената на Уставот кој е еден од предусловите за отворање на преговори, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, бидејќи таквите уцени се спротивни на европските вредности и принципи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека суверенитетот произлегува од граѓаните и затоа граѓаните треба да бидат послушани за вака сериозни теми, се појаснува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека тоа што СДСМ бега од соочување со народот, говори само колку се тие забегани и одлепени од реалноста и интересите на сопствениот народ.

извор:ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива