ВМРО ДПМНЕ: СДСМ во немоќ спинува документи на ЕПП, за да ги прикрие своите дипломатски неуспеси кои доведоа до ќор сокак

Тенденциозноста на СДСМ не поминува. Се обидуваат да спинуваат документ, кој повикува на итно отворање на преговори. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е гласно кажан на Конгресот од страна на претседателот Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

За тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП го повикуваме СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската Народна Партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без било какви условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.

СДСМ поради кусогледост и болна амбициозност на нејзината врхушка им удоволи на оние кои го негираат македонскиот идентитет. Наместо за европски и демократски вредности, СДСМ ги стави во договорната рамка историските и идентитетските прашања, кои сега се камен околу вратот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните во Македонија, јасно се противи и ќе се противи на ваквите анахрони, недемократски и неевропски да бидат услов на македонската интеграција во ЕУ.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ