Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2 во Берово под власт на СДС.
Имотот од 7.500 м2, до езеро е купен лани, на 7ми октомври, на само 10 дена пред локалните избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Имотот е сопственост на мајката на Стефан Богоев, и е со намена за хотелски комплекс.
Сето ова се случува во Берово, каде локална власт е СДС, партија во која Богоев е потпретседател.
Инвестицискиот циклус се случува една година откако Богоев не е веќе градоначалник, односно по 4 годишен мандат во општина Карпош.
Со кои пари семејството Богоев ќе го гради хотелскиот комплекс на Беровско езеро и дали истите се легално стекнати? Дали Богоев ја користи позицијата за да го шири бизнисот?
извор: ВМРО ДПМНЕ