Во близина на Киев, убиен новинар на Њујорк тајмс

Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

Рено беше новинар на Њујорк тајмс, а неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.

Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со Рено, и е хоспитализиран.