Во близина на кобната дискотека пронајдена импровизрана бензинска пумпа и склад со 10 тони нафта

Шокантно открие во близина на дискотекта каде настана кобниот пожар. Имено по пријава на мештани била откриена импровизирана бензиска пумпа и склад вкопан во земјата со капацитет од 10 тони нафта според кажувања на жителите.

Од Јавното обвинителство соопштуваат дека склад за гориво постоел во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, каде во пожар загинаа 59 луѓе а над 150 се повредени. МВР проверува дали имало нафта, се дознава од извори во истрагата.

„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, велат од ЈО.

Жителите посочуваат дека при ваков пожар ако и една искра паднела во близина, тогаш целото место можело да одлета во воздух.

 

 

skopjeinfo.mk